Skip to main content

Сирени за опасност низ цела Германија, што се случува?

Денес низ цела Германија, поточно во Баварија и регионот Северна Рајна-Вестфалија, се слушнаа сирени за опасност. Сирените се вклучиле цела минута, но причината за ова не е вистинска опасност, туку Националниот ден на предупредување.

Имено, баварското Министерство за внатрешни работи го тестираше својот систем за предупредување во итни случаи за време на пробен аларм. Сепак, не само што се вклучија сирените, туку граѓаните добија и предупредување во форма на порака на нивните мобилни телефони во 11 часот по локално време.

Предупредувањето пристигнало на бројни паметни телефони во областа на Баварија, или преку добро познати апликации за предупредување (Nina, Katvarn, Bivap) или како директна текстуална порака на екранот на телефонот, честопати придружена со гласен тон. Известувања или СМС пораки пристигнуваат на телефоните Апликациите испраќаат push известувања или СМС пораки до сите мобилни телефони што се вклучени и поврзани на мрежата. Граѓаните беа информирани и дека ќе добијат пораки за безбедносниот статус во 11:30 часот.

Поврзани вести