
Македонскиот КИЦ во Загрев организира изложба на светски признатата македонска уметница, Жанета Вангели „Архивски документи“ на 24.март 2026 во 19 часот.
Жанета Вангели (1963, Битола) дипломирала на легендарната Städelschule во Франкфурт, а моментално е професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините дела се изложувани на меѓународни манифестации како Венецијанското биенале и се дел од многу меѓународни музејски поставки.

Македонски

