
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека Светското првенство во 2026 година ќе биде успешно.
– Светското првенство ќе биде фантастично, феноменално. Никогаш порано немало толку возбуда во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. За четири недели добивме повеќе од 500 милиони апликации за билети. Ова е нешто неверојатно. Имаме речиси седум милиони билети, но 500 милиони апликации – ова никогаш не се случило во историјата на ФИФА или која било друга организација, изјави Инфантино.
Седумдесет и седум од 104 натпревари добија повеќе од еден милион апликации за билети, а останатите се приближно исти. Чуваме некои билети во резерва за да го гледаме како се одвива турнирот и за последните денови. Секој стадион ќе биде исполнет – тоа ќе биде вистински празник. Се велеше дека фудбалот не бил многу популарен во Соединетите Американски Држави. Сето тоа се промени. Турнирот ќе биде успешен, додаде Инфантино.
Ова ќе биде првото Светско првенство со 48 екипи, 104 натпревари, во 16 градови и три земји.

Македонски

