Skip to main content

Македонските државјани во Бахреин утре со специјален лет се очекува да се вратат во земјава

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин дека в среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава.

Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.

Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein – the gathering point – location for departure of buss, стои во известувањето на Амбасадата на Фејсбук.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. – Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација – рече Муцунски.

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем.

Поврзани вести