
Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на гостувањето кај Силекс во Кратово, додека Шкендија во Тетово одигра нерешено 1:1 со Брера. Ова се резултатите од денешните два дуела од 22.коло од ПФЛ:
Вардар до победата дојде со голот на Стефан Цветковиќ во 43.та минута, а домаќинот Силекс од 26.минута играше со десет играчи откако поради втор жолт картон беше исклучен Дарко Додев.

Во Тетово Шкендија од 16.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Имран Фетаи во 16.минута, но тоа не беше пречка и во 33.минута Шкендија поведе со голот на Ендрит Красниќи во 33.минута. Гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел со голот на Виктор Велкоски во 90+5 минута.

Македонски

