Skip to main content

Дигитална збирка материјали од Музејот за современа уметност – Палестина „Газа останува приказна“ во МСУ

Ви ги претставуваме уметниците и делата кои се дел од изложбата: „Сѐ што ни е заедничко ( ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ДИШЕ)”, информираат од МСУ.

PALESTINIAN MUSEUM Gaza Remains the Story | Poster Series and Photographs

Претставување на дигиталната збирка материјали од Музејот за современа уметност – Палестина „Газа останува приказна“

Палестинската борба е болно забележлива, блескаво присутна, но во голема мера невидлива во доминантниот политички пејзаж. Во мноштвото палестински слики и приказни за колонизација, воени судири и масовна неправда, секоја нова слика наликува на „нешто веќе видено“; Деценискиот терор од прекумерно претставување на палестинскиот субјект и вистинската фрустрација поради тоа што не може вистински да се види често се сведуваат на обична статистика во западните медиуми и институции. Културните и уметничките институции се фокусираат на популарни изложби, престижни биеналиња, фестивали и награди, додека ја исклучуваат Газа од нивниот поглед и грижа.

Визуелниот материјал од збирката на дигитален и печатен материјал вклучувајќи, но не ограничувајќи се на слики од уметнички дела, постери, видеа, аудио снимки и други различни извори, има за цел да ја транспортира изложбата на Палестинскиот музеј за современа уметност до различни заедници и простори. Изложбата на која се претставени курирани материјали од Палестинскиот музеј не се занимава со идеолошката магла или материјалниот недостаток на видливост на сликата, туку со инертноста на нашите перцептивни очи, со нашата мрзеливост или одбивање да видиме, со нашиот недостаток на емпатија. Таа го организира погледот и ја отвораат нашата визија. Затоа што признавањето дека сте сведок и гледањето со свои очи е прашање на политички отпор. Изложбата се обидува да го организира нашиот поглед, откривајќи како структурите на моќ манипулираат со перцепцијата. Истовремено се обидува да го прекине тој молк и ја правдата.

Оттука, проектот го разоткрива насилството што се правиме дека не го гледаме, во нашата околина и културни простори, како и нивните материјални, социјални и политички склопови. „Газа останува приказна“ ја прикажува причината и контекстот на палестинското искуство. Изложбата се стреми да информира, едуцира и раскажува приказни за историски локации и културни практики во Газа, давајќи увид во уметноста, аспирациите и уникатноста на Газа – што останува од неа во овие сурови времиња. Додека оглушувачката бучава од бесконечното бомбардирање го задушува секојдневниот живот, наследството, уметничкиот израз и креативноста на народот на Палестина, оваа изложба се стреми да погледне зад завесите на театарот на војната и освојувањето. Со раскажување на приказните за Газа и спротивставување на дезинформациите, „Газа останува приказна“ има за цел да и` обезбеди на глобалната публика информации и референци за контекстуализирање на Газа во рамките на Палестина, регионот и светот.

Поврзани вести