
Со многу музика, емоции и одлична атмосфера, актерот Драган Спасов – Дац и музичарот Александар Митевски викендов во Македонскиот народен театар го одржаа првиот од двата концерти насловени „Дамите бираат“, посветени на Денот на жената – 8 Март.
Пред преполната сала публиката пееше заедно со дуото и нивните гости, а вечерта ја одбележаа настапите на легендарната пејачка Виолета Томовска и Росана Сариќ-Тодоровска.

Томовска ја крена публиката на нозе со својот голем хит „Молитва“, додека Сариќ-Тодоровска заедно со публиката го испеа евергринот „Признавам“.

Концертот траеше повеќе од четири часа, а музичкото дружење започна во лобито на театарот, продолжи на сцената и заврши повторно со дружење со публиката.

Дуото Дац и Александар вечерва ќе го одржат и вториот концерт во Македонскиот народен театар, кој исто така е распродаден.

Македонски

