
Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз!, информираат од „Танец“.
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет.
Очекувајте Безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез, концерт кој го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.
- Датум: 08.04.2026 година ( среда )
- Место: Македонски народен театар, Скопје
- Почеток: 20:00 часот

Македонски

