Skip to main content

Невработени, социјално загрозени и пензионери од Аеродром ќе можат да бидат ангажирани за вршење јавни работи

Фејсбук профил на Општина Аеродром

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром информира дека е во тек јавен оглас за изразување интерес за ангажирање лица за вршење јавни работи во текот на 2026 година.

Со огласот се повикуваат сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата на Општина Аеродром.

Ангажираните лица ќе бидат вклучени во следниве активности: одржување на јавната чистота (чистење јавни површини, празнење на канти за отпад, собирање лисја и гранки и сл.); одржување на зелените површини и на парковите (косење трева и хортикултурни активности); одржување улици, пешачки патеки и тротоари.

Пријавите се поднесуваат во архивата на Јавното претпријатие во просториите на Општина Аеродром, а образецот може да се подигне на самото место или да се преземе електронски од следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/9540

Повеќе информации можат да се добијат и на телефонскиот број: 072 270 886

Поврзани вести