Skip to main content

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец

Кинеските власти денеска ги повикаа сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да ја обезбедат безбедноста на морската пловидба во Ормускиот теснец.

Кина ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат своите воени операции, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите, да ја одржат безбедноста на морските патишта на Ормускиот теснец и да спречат ситуацијата да има поголемо влијание врз глобалната економија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната прес-конференција.

На почетокот на 2025 година, Кина беше водечка дестинација за транзит на нафтата низ теснецот, објавија светските медиуми.

Во последниве години, Кина е водечки увозник на иранска нафта.

Поврзани вести