Патрик Клајверт е назначен за селектор на репрезентацијата на Индонезија, објави фудбалскиот сојуз на оваа земја на својата официјална веб-страница.
Холанѓанецот потпиша договор до крајот на 2027 година, со опција за продолжување.
Во новата работа на Клајверт ќе му помагаат помошниците Алекс Пастор и Дани Ландзат од Холандија. Во стручниот штаб ќе има и двајца индонезиски специјалисти.
Последното место на работа на 48-годишниот Клајверт беше турската Адана Демирспор.