Skip to main content

Тренерот на Шкендија смета дека не заслужиле висок пораз во Турција

 Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската екипа Самсунспор. Во реваншот вчера резултатот беше 4:0 за турскиот претставник.

–  Прво да му честитам на противникот за пласманот во следната рунда, мислам дека го заслужија тоа во двата натпревара. За натпреварот бевме многу добри во првото полувреме, потоа еден случаен пенал и заморот си го направија своето, така што потоа доживеавме тежок пораз, кој според она што го покажавме во првото полувреме, не го заслуживме. По овој натпревар нашата европска авантура заврши. Сега сè што ни преостанува е целата концентрација и фокус да ја вратиме на македонското првенство и се надевам дека и во првенството и во Купот ќе го дадеме нашиот максимум. Убеден сум дека со максимална посветеност ќе излеземе со позитивни резултати на крајот од сезоната, изјави по натпреварот тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

Следниот натпревар екипата на Шкендија го игра на домашен терен во рамки на првенството, а ја пречекува екипата на Пелистер.