Skip to main content

Тројца тешко повредени откако на полноќ излетале од патот кон Свети Наум

Ноќва во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од с.Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани вести