
Денеска присуствував на отворањето на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Општина Охрид. Оваа инвестиција претставува значаен придонес за развојот на локалната и националната економија и уште една потврда дека Македонија има потенцијал да биде дом на компании кои се лидери на светскиот пазар. Како Влада, остануваме посветени на поддршката на инвестициите што создаваат додадена вредност, го поттикнуваат економскиот раст и ја зајакнуваат конкурентноста на нашата држава, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Особено значајно е што новиот производен капацитет ќе користи целосно роботизирана производна линија и современи технологии базирани на вештачка интелигенција. Ова е вистински пример за индустријата на иднината, во која иновациите, дигитализацијата и автоматизацијата стануваат двигатели на развојот. Нашата цел е ваквите инвестиции да бидат поттик за нови инвеститори и за понатамошна технолошка модернизација на македонската економија.

Македонски



