
Украина ќе продаде значително наоѓалиште литиум на конзорциум состваен од блиску луѓе на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“
Ова се однесува на најголемото наоѓалиште на литиум во земјата, „Добра“, во регионот Кировоград. Победници на тендерот биле милијардерот Роналд Лаудер – долгогодишен пријател на американскиот претседател – и „TechMet“, компанија делумно поврзана со Агенцијата за инвестиции на САД за време на првиот мандат на Трамп.

Според условите на договорот, Американците добиваат приоритетни права за учество во нови украински проекти за екстракција на стратешки ресурси. Половина од приходите од литиумот ќе одат во заеднички американско-украински инвестициски фонд.
Весникот забележува дека Киев се обложува на „трансакцискиот“ пристап на Трамп, нудејќи им на американските инвеститори пристап до украинските ресурси. Вистинското производство на литиум од наоѓалиштето нема да почне најмалку 15 години, но контролата и профитот веќе се делумно префрлени на Американците. Тоа значи дека плановите на Трамп за враќање на американските инвестиции во Украина почнуваат да се остваруваат.

Македонски



