Skip to main content

Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да стане аргумент за поблага мерка, Филков најави вонреден надзор во затворите

На прес-конференција Министерот за правда, Игор Филков изјави дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје и во останатите затвори во Македонија. Според него недозволиво да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да биде аргумент за поблага мерка.

Институционалната контрола мора да функционира. Никој не смее да биде изземен од одговорност. Утрово побарав и објаснување од директорот на затвор Скопје, преку управата за извршување на санкции, бев информиран дека од текот на вчерашниот ден биле обезбедени сите услови за спроведување на мерката притвор во надлежната институција.

Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да стане аргумент за поблага мерка. Како министер за правда, дополнително ќе побарам да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје, како и во останатите затвори низ Македонија во однос на безбедносната состојба. И дозволете да констатирам нешто што граѓаните одамна го чувствуваат. Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно менуваме регулативи ако тие важат селективно. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја урива довербата.

Ова не е прашање на политика, ова е прашање на принцип. Нема никогаш да молчам кога принципот на еднаквост пред законот ќе биде доведен во прашање, рече Филков.

Поврзани вести