Skip to main content

Возете внимателно! Одрон на патот Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Поради одрон на патот Катланово – Велес во близина на бензискаста станица „Детоил“ од утрово од 8:40 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„Сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри“,се вели во соопштението од АМСМ.

На терен веќе се присутни екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои работат на расчистување на одронот по што се очекува нормализирање на сообраќајот.