Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина

Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија.Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра, или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции.

Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници. Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт.

Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа. 

Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина.Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но не му веруваат ниту граѓаните.

Поврзани вести