Skip to main content

Норвежанецот Јоханес Клаебо освои историски шест злата на една Зимска олимпијада

Икс

Норвешкото чудо од дете, Јоханес Хесфлот Клаебо, ги помести границите на возможното во Милано и Кортина 2026. Со својата последна победа, тој стана првиот спортист во историјата на Зимските олимписки игри кој успеал да освои дури шест златни медали на само едно издание на Игрите.

Клаебо буквално ги „покори“ сите дисциплини во крос-кантри скијање – од експлозивниот спринт, преку тешкиот скијатлон, па сè до маратонските 50 километри и тимската штафета. Неговото победничко селфи со шест златни одличја веќе стана најсподелуваната фотографија на социјалните мрежи, симбол на апсолутна доминација каква што светот досега нема видено.

фото: Икс

Клебо сега има вкупно 11 олимписки злата во својата кариера, со што дополнително го зацврсти својот статус на најуспешен спортист во историјата на Зимските олимписки игри. Тој стана и првиот натпреварувач кој победил во сите шест дисциплини во скијачко трчање на една Олимпијада. Тој победи во трката на 50 километри класичен стил, потоа во скијатлон, спринт, трката на 10 километри, штафетата 4х7,5 километри и во тимскиот спринт.

Поврзани вести