Skip to main content

Зимско издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Кинотека

Кинотека на Македонија ја започнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. Јануари 2025 година ќе понуди содржини за сите генерации, од најмладите до најстраствените филмофили, преку тематски и ексклузивни проекции.

За најмладата публика, Кинотеката организира утрински проекции во рамки на тематот „Кино Утро“. Оваа иницијатива има за цел да го приближи светот на филмот до најмладите преку селекција на забавни, едукативни и инспиративни детски и младински филмови.

Овој месец, љубителите на македонската кинематографија ќе имаат можност да уживаат во проекции на документарни и кратки македонски филмови. Програмата ги слави делата на домашните автори, истакнувајќи ја нивната креативност и ангажираност.

Кинотеката ќе биде домаќин на зимското издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во рамките на ова издание ќе бидат прикажани пет наслови – копродукции меѓу земји од јадранскиот регион кои оставиле значителен печат во изминатите три години.

Првата проекција ќе се одржи во кино-салата на Кинотека, додека останатите четири филма ќе бидат достапни на дигитална платформа, овозможувајќи поширока достапност на овие значајни дела.

За љубителите на современата авторска кинематографија, на програмата се два високо ценети арт-хаус филма: „Перфектни денови“ на Вим Вендерс, емотивно и визуелно фасцинантно дело кое ја слави едноставноста на животот, „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер, интензивен и провокативен филм кој ја истражува нормализацијата на злото.

Целосната програма на Кинотека е на следниот линк.

Поврзани вести