Skip to main content

За месец и пол во ХЕ „Шпилје“ произведени 52,2 гигават часови електрична енергија

Исклучително поволната  хидролошката состојба на дебарското сливно подрачје, резултира со стабилно производство на електрична енергија и висока погонска подготвеност на капацитетите, информираат за МИА од ЕСМ.

Последните мерења извршени на 17 февруари нивото на Дебарско Езеро изнесува 573 метри надморска височина, што е за 4 метри над просекот за овој период од годината, или за 7 метри пониска од максималната кота, која изнесува 580 метри. Дотекот од локалниот слив, реките Радика и Црн Дрим,  изнесува 120 кубни метри вода во секунда“, додаваат од ЕСМ.

Ваквите параметри овозможија ХЕ „Шпилје“ во периодот од 1 јануари до 16 февруари 2026 година да оствари производство од 52,5 гигавајт часови електрична енергија, што значи исполнување на 20 отсто од вкупниот годишен план на производство.

Енергетските капацитети ХЕ „Шпилје“ се наоѓаат во состојба на висока погонска спремност со сите расположливи агрегати. Со оглед на најавите за нови врнежи во наредниот период, се очекува приливот на вода да биде ефикасно преработен преку хидроагрегатите, додека дел од водите ќе бидат соодветно складирани во акумулацијата“, посочуваат од ЕСМ.

Оттаму нагласуваат дека слична позитивна состојба е забележана и кај останатите водни ресурси во регионот, со ова се гарантира енергетската стабилност и достапноста на ресурси за потребите на преостанатиот дел од грејната сезона. 

Поврзани вести