Skip to main content

Автобус со кинески туристи потона во Бајкалско Езеро, се претпоставува дека осуммина се мртви

Седум кинески туристи и возач се претпоставува дека се мртви откако нивниот автобус што движел низ замрзнатиот дел од Бајкалското Езеро во руски Сибир потонал во водата кога мразот под него се распукал, објави денеска локалниот гувернер Игор Кобзев на својот Телеграм канал.

Еден турист успеал да се спаси, а потрагата по другите продолжува, рече Кобзев.

Најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа северно од Монголија, е популарна дестинација за туристите.

Обвинителството на регионот Иркутск соопшти дека е покрената кривична постапка и дека се истражуваат околностите.

Бројот на кинески туристи во Русија се зголеми во последните години поради политичкото зближување меѓу двата соседа и стратешкото партнерство „без ограничувања“ објавено минатата година, кога беше воведен меѓусебен режим на патување без визи.

Поврзани вести