
Светската шампионка во една од новите олимписки дисциплини – скијачко планинарење, Мариане Фатон од Швајцарија го освои првото место и златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано – Кортина.
Таа постигна време од 2:59.77 минути и беше единствената натпреварувачка со резултат под три минути. Натпреварувањето се одржа во лоши временски услови со многу нов снег.
Среброто и припадна на Французинката Емили Хароп, а бронзата на Ана Алонсо Родригез од Шпанија.
Ова за Швајцарија беше 13 медал на Игрите, од кои шест се златни.

Македонски



