
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитки до граѓаните на Република Србија по повод Денот на државноста на Србија, со желби за натамошен континуиран стопански и општествен развој, стабилност и просперитет на државата.
Во честитката, Стоилковиќ истакнува дека односите меѓу двете земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост кои низ годините се продлабочуваат и отвораат простор за уште поголема, заемно корисна соработка во сите сфери од заеднички интерес.
Ние Србите во Македонија со посебна почит го чествуваме овој значаен празник, уверени дека и во наредниот период ќе продолжиме со дополнително јакнење на односите и братската соработка меѓу двете земји. Останувам посветен на активно учество во политиките што придонесуваат за понатамошен развој и унапредување на македонско-српските односи, во духот на меѓусебно разбирање, почит и партнерство – истакна Стоилковиќ.
Во време на предизвици и нови глобални околности, додава, само преку заемна поддршка, стабилност и искрено пријателство може да се гради сигурна и просперитетна иднина за граѓаните и генерациите што доаѓаат. – Нека е честит Денот на државноста, се вели во честитката.

Македонски



