Skip to main content

Eве колкави се премиите за медал на ЗОИ

Сингапур го освои првото место на ранг-листата на земји кои ќе им платат на спортистите најголема сума за освојување на Олимписките игри во 2026 година.

Според „USA Today“, спортистите од Сингапур ќе добијат 788.000 долари ако освојат златен медал. Меѓу првите пет се и Хонг Конг (767.000 долари), Италија (213.000 долари), Полска (211.000 долари) и Словенија (162.000 долари).

Најмали премии им се даваат на потенцијалните победници од Нов Зеланд (3.000 долари), Австралија (14.000 долари) и Данска (15.000 долари), Канада (18.000 долари), Австрија (23.000 долари), Холандија (35.000 долари), Германија (35.000 долари) и САД (37.000 долари).

Олимписките игри се одржуваат во Италија од 6 до 22 февруари

Поврзани вести