Skip to main content

На Ноќ на македонските вина во Париз, француските енолози уште еднаш го потврдија квалитетот на вината

Париз деновиве, од 9 до 11 февруари, беше домаќин на Винскиот саем Paris Wine 2026 каде меѓу светските познати вина беше претставено и македонското вино.

Под мотото Ноќ на македонските вина, а во организација на нашата амбасада во Париз се одржа и посебен промотивен настан на кој присуствуваа претставници на неколку истакнати винарии од нашата земја. На настанот претставниците на винариите од нашата земја направија презентација на своите производи.



Квалитетот на вината од нашата земја доби признание од француските енолози кои ја истакнаа природноста и уникатниот вкус на македонските вина што произлегува од автентичноста на почвата и сонцето.

Ноќ на македонските вина беше добра прилика за зајакнување на присуството на македонското вино на пазарите, не само во Франција, туку и пошироко. На презентацијата и дегустацијата присуствуваа претставници од дипломатскиот кор во Париз, енолози, дистрибутери, претставници на француските медиуми.


Организатор на оваа вечер е амбасадорот Игор Николов, кој воедно беше дел од координацијата на настапот на македонските винарии на Винскиот саем во Париз.

Поврзани вести