
Редовниот професор на Институтот за географија, Ивица Милевски, смирува дека нема простор за загриженост поради неодамнешните сеизмички случувања во регионот, посочувајќи дека тие се дел од природни и долготрајни геолошки процеси
Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме, напиша Милевски.
Неговиот коментар се однесува на вчерашниот земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Косово, кој беше почувствуван и во делови од Македонија, вклучително и во Скопје и во Тетово.
Два дена претходно уште еден земјотрес беше регистриран во истото подрачје.

Македонски



