
Кој вика дека од земјоделство не се заработува. Не ги слушајте земјоделците кога секоја година се жалат дека родот не им се плаќа и оти мораат да го фрлаат она штто ќе го произведат. Сите земјоделци да одат на обука кај најпознатите трговци, Донка Ристова и Зоран Заев. Ова се нивни пет минути.
Баба ми целиот живот плетеше но никогаш не ми се пофали дека нешто заработила. Шалови ,џемпери. Може и криела. Кој и е крив што не одеше на часови кај мајката на судијата Ѓоко Ристов. Донка плетела до три сабајле и пара направила. Тоа е, кој го бива за претприемништво го бива коменитра авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Донка и нејзниот сопруг се како алхемичари. Се што ќе допрат претовраат во пари, марки евра. Нема што не работеле, лозја, пиперки, фотооволтаици, да врти парата. Продади грозје, купи евра, продади кајсии купи евра и се собрале 350.000 евра. Ама Донка и Здравко не им верувале на банките и решиле парите да ги врзат во фолии и си ги потпикнувале во плочката во нишата позади фрижидерот. Кај нас, изгледа, најсигурниот трезор не е во банка, туку зад фрижидер.

За црни денови што се вика, старост доаѓа. Покрај што се алхемичари, Донка и Здравко и пркосат и на форензиката па така на фолиите со парите нема нивни траги туку само од син му Ѓоко. Туку да провериме и во нашите ѕидови,,,, никогаш не се знае.
Мислите дека Дубаи е градот на светскиот бизнис. Не сте биле во Горњи Милановац.Ова мало гратче во Србија ги изроди Донка Ристова и Зоран Заев. Заедничко и им е што продавале на пазарот во Горњи Милановац. Зоки до таму патувал со часови во комбе. Проблем било кога била сезона на бостан па не можел да легне на лубеници , да се испружи што се вика во комбето. Во Горњи Милановац Зоки наш и се заљубил, во некоја Јасмина која исто држела тезга. Знаејќи за каков трговец и прематар станува збор, нема да се изненадам ако таа Јасмина воопшто и не постои. Тој името излажа дека нема да го менува па за некоја девојка. Тукуу што пазар ќе беше тој во Горњи Милановац… Ел дорадо за трговци како Зоки и Донка.
Минатата епизода рековме дека кој знае што се имаат испазерено Грците што туку така им ги дадоа посмртните останки на Цар Самоил и погодивме. Бугарите кога го отвориле ковчегот го коските виделе дека тоа се коски на некој човек што бил висок 150-тина сантиметри а според историските книги Самоил бил висок, стамен маж. Тоа е секоја роба им купец, само треба да го погодиш пазарниот ден.
Грците се исплашија дека оваа песна што ја пееле Македонците на средсело во Овчарани било иредентизам. Нема веќе она кој пее зло не мисли. Туку кој запее завршува во станица, на превоспитување.Среќна нова 47-ма во Елада, ова веќе сме го виделе. Историјата се повторува, само што овојпат доаѓа со европско знаменце . Туку има нешто кај грчките политичари што ми се допаѓа. Се погласно зборуваат дека Договорот од Преспа треба се се раскине. Така е, ајде охрабрете се, Ако чекаме на нашите политичари ќе се изначекаме со векови.А Македонија нема време за чекаање.

Македонски


