Skip to main content

Пет лица повредени во соорбаќајка во кумановско, еден од возачите возел без дозвола

Неколку лица се повредени при судир меѓу две возила во кумановско. Еден од возачите возел без дозвола.

На 03.02.2026 околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во село Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово, информираа од МВР.

При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на патничкото возило „шкода“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести