
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Истанбул, се обрати на Економската конференција/Б2Б, организирана од Глобалната мрежа на албански бизниси, значајна платформа за унапредување на економската соработка и воспоставување нови партнерства меѓу албанските бизниси.
Како што соопшти собраниската прес-служба, во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи посветеноста на институциите кон поддршка на синергијата меѓу бизнис-заедниците, преку создавање поволна клима за инвестиции, промовирање отворен дијалог со претприемачите, олеснување на административните бариери и градење средина што гарантира заеднички и одржлив развој.
-Тој ја поздрави Глобалната мрежа на албански бизниси за оваа значајна иницијатива, која поттикнува нови проекти и создава нови мостови на соработка што ги поврзуваат луѓето, пазарите и државите, стои во соопштението.

Македонски



