Skip to main content

Koлку чини сместување во Давос: Вучиќ се пожали дека креветот му е краток

И додека елитата дискутира за најголемите проблеми во светот, жителите на Давос се обидуваат да заработат пари од Форумот. А најмногу пари се заработуваат од сместување бидејќи Давос нема доволно хотели за ваков вид настани. Сè што е можно е претворено во сместување за учесниците на економскиот форум, нивното обезбедување, асистентите и целата придружба што обично ги придружува претседателите и најбогатите луѓе на планетата.

И буквално сè се издава под наем, од соби во хостели, приватни станови, соби во поранешни болници, па дури и во црква. Цените на хотелските соби мора да се резервираат за овој период со месеци однапред и чинат богатство. Честопати, дури и најскромната соба чини 3.000 евра од ноќ, додека изнајмувањето двособен стан чини 30.000 евра неделно. Кога станува збор за луксузни дрвени колиби, тие лесно можат да достигнат цена од 100.000 до 200.000 евра!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кој е сместен во Клостерс, близу Давос се пожали дека креветот му е кус и дека не може убаво да се испружи.

Поврзани вести