Skip to main content

МОК го објави тимот што ќе не претставува на ЗОИ 2026

Македонскиот олимписки комитет (МОК) го објави тимот кој ќе не претставува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ди Ампецо. Македонија на овие Олимписки игри што ќе се одржат од 6 до 20 февруари 2026 година ќе ја претставуваат четворица спортисти, двајца во нордиските и двајца во алпските дисциплини.

Честа да ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во нордиските дисциплини ќе ја имаат: Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт на 10 километри и Ставре Јада – Спринт и Интервал старт на 10 километри. Во алпските дисциплини честа да го претставуваат „црвено – жолтиот тим ќе ја имаат: Јана Атанасовска – слалом и велеслалом и Мирко Лазарески – слалом и велеслалом.

Поврзани вести