Skip to main content

Принцот Вилијам ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари

Принтскрин од видео

Британскиот престолонаследник Вилијам ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Кенсингтонската палата.

Посетата на Неговото Кралско Височество доаѓа во услови на раст во трговските, енергетските и инвестициските врски меѓу Обединетото Кралство и Саудиска Арабија, а воедно и заради одбележување на претстојната стогодишнина од дипломатските односи меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Ова ќе биде прва официјална посета на принцот Вилијам на Саудиска Арабија и ќе трае од 9. до 11 февруари.

Поврзани вести