Skip to main content

Лазаров: Не беше проблем дефанзивата, туку нашиот напад

Не беше проблем нашата дефанзива, туку нашиот напад, видовте дека нивниот голман беше одличен. Се надевав дека ќе добиеме малку повеќе разлика, но тоа е што е. Надежта последна умира, но знаете 18 разлика е невозможно, коментира македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров по победата над Романија на Европското пренство кое е во тек.

Со оваа победа вечерва (24-23) најдобрите македонски ракометари се трети во групата и само победа од 18 гола разлика на Данска над Португалија вечерва во 20,30 часот може да ја однесе Македонија во втората фаза од шампионатот.

Лазаров по мечот со Романија даде свое видување на случувањата на теренот во Хернинф.

Сум задоволен од тоа што победивме и кога ќе сумираме се треба да сме задоволни од тоа што направивме во овие три натпревари. Видовте дека Романија е цврста и силна репрезентација.
Се смеам, но жал ми е што почнавме добро и како да се изненадивме дека уште во прво полувреме може да водиме и седум разлика. Како тренер се чувствував немоќно по првото полувреме бидејќи бевме многу подобри, но промашените зицери не чинеа. Мислевме дека во второ полувреме ќе бидеме подобри, но не беше така. Можевме да направиме повеќе и поради тоа жалам. Сакавме во топ 12 и заслуживме, но тоа е што е. Завчера требаше да имаме напад за победа, сега исто. Лани во Вараждин исто имавме добиени натпревари. Македонскиот менталитет и главата повторно не чинеа. Кога ќе слегнат емоциите ќе видиме што сме направиле“, изјави Лазаров.

Поврзани вести