Skip to main content

Во рација во кумановско село на забава затекнати 15 малолетници од кои 11 пиеле алкохол

Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с.Љубодраг, кумановско.

Имено, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во с.Доброшане, кумановско, сопственост на М.П..

За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека консумирале алкохол.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани вести