
Машката ракометна репрезентација на Македонија води 13-9 против Романија по првите 30 минути во последниот меч од групната фаза на Европското првенство кое е е во тек. Натпреварот е важен за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. Ако забележиме убедлива победа можеме да се надеваме на пласман во главната рунда, но за тоа ќе чекаме услуга од Данска.
Голамнот Никола Митревски има три одбрани, а капитенот Филип Кузмановски со четири гола е најефикасен во македонскиот тим по првото полувреме.

Македонски




