
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, ќе учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции.
Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот.
Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, истакнува Мицкоски.

Македонски




