Skip to main content

Моментот на кршење на стаклото на бугарската амбасада – лице поминува, удира со рака и заминува

Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје.

Министерството за внатрешни работи на Македонија информираше дека офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата, велат од МВР.

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера го оцени тоа како напад извршен од непознато лице.

Поврзани вести