Skip to main content

За Девиците поволни вести од странство, важен телефонски разговор за Бикот, список со приоритети за Ракот…

Овен

Ова е прекрасен ден да се посветите на себе и на вашите пријатели. Обидете се да не се преоптоварувате со работа. Личност во знакот Овен ви дава „ветар на грб“.

Бик

Посветете се на себе и на вашите обврски бидејќи ова е идеален период да завршите сè што ви останало од претходно. Важен телефонски разговор со личност во знакот Риби. Здравјето е одлично.

Близнаци

Вашата енергија е многу слаба, посветете се на себе и на вашите потреби. Денес бидете најважни за себе и престанете премногу да му угодувате на партнерот. Проблеми со ‘рбетот.

Рак

Вашето семејство е голем товар и најдобро е јавно да го искажете вашето мислење. Деловната страна ве преоптоварува, особено односот со личност во знакот Јарец. Направете список на приоритети.

Лав

Денес се чувствувате многу расположено и тоа ја движи вашата енергија. Ќе правите многу работи што не сте ги планирале. Вашиот партнер е одлична поддршка. Главоболка во текот на вечерта.

Девица

Силните емоции ве водат во текот на денот и ќе бидете фокусирани на другите. Не бидете премногу резервирани за вашите потреби. До крајот на денот поволни вести од странство.

Вага

Во текот на денот, можен е повик од личност во знакот Овен. Ова е многу важен разговор за работата и деловната соработка. Голема поддршка доаѓа од вашиот партнер.

Шкорпија

Вашата енергија е многу нестабилна и денес најдобриот совет е да останете дома. Важно е да се наспиете доволно и добро да се одморите ментално и физички.

Стрелец

Ова е идеален период да се видите со вашите пријатели и да уживате во енергијата на вашите најблиски. Вашата врска е многу нестабилна и оставете го тоа да се реши во наредните денови.

Јарец

До крајот на денот, поволни вести од семејниот круг. Ќе бидете зафатени со нови информации за работата. Можен е повик од личност во знакот Риби. Здравјето е одлично.

Водолија

Денес би било добро да се посветите физички. Ако можете, би било добро да одите во спа центар или базен. Не се оптоварувајте премногу емоционално со другите.

Риби

Тврдоглавоста не е ваша карактеристика, но денес ќе биде многу изразена кај вас во однос на работата. Љубовната ситуација е поволна и вашиот партнер ве поддржува.

Поврзани вести