Skip to main content

Почина фудбалската легенда Васил Рингов

Македонскиот фудбал денеска го погоди голема трагедија, почина Васил Рингов, човекот кој беше едно од најголемите фудбалски имиња во нашата историја, објави Слободен печат.

Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец кој на клупски план длабока трага остави во дресот на Вардар. Настапуваше уште за Партизан, Тетекс и Беласица каде што ја започна кариерата.

За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.

Животот го загуби по кратко боледување на 70-годишна возраст.

Поврзани вести