Skip to main content

САД му го одземаат државјанството на бошњачки воен злосторник, чувар во логорот Челебиќи

Министерството за правда на САД покрена постапка против Кемал Мрнџиќ од Босна и Херцеговина, осуден за воени злосторства против српски затвореници во логорот Челебиќи, со цел да му се одземе американското државјанство.

Постаката е поведена поради тоа што Мрнџиќ не им открил на имиграциските власти за природата и времетраењето на неговата воена служба или дека како затворски чувар бил дел од малтретирање на српските затвореници, објави Министерството за правда.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да дозволи луѓе кои прогонуваат други да користат бенефиции за бегалци во САД, изјави претставникот на Министерството за правда, Брет Шумате.

Поврзани вести