Skip to main content

Автошколите под лупа: Формирале картел при формирање на цените за обука на кандидатите за возачи

Freepik

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи.

При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата.

Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот. Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.

Поврзани вести