Skip to main content
YXrdk2zNT7c

Мафини без шеќер – може да ги јадете колку сакате

За овие ароматични и богати мафини потребни ни се неколку едноставни состојки што најчесто веќе ги имаме дома.

Приготвување:

Во една чинија ги матиме јајцата, а по желба може да се додаде и малку шеќер. Потоа ги додаваме мелени­те овесни снегулки измешани со прашок за печиво. Кога ќе се соедини смесата, ги додаваме јогуртот, маслиновото масло, сечканите сливи, мелените ореви, малку чоколадо и ренданите јаболки. Сè убаво промешуваме за да добиеме хомогена смеса.

Со лажица ги полниме калапите за мафини и ги ставаме да се печат во рерна загреана на 200 степени. Потребни се околу 40–45 минути за да добијат убава боја и да останат сочни однатре.

Ова е еден од оние рецепти што со задоволство ги правиме кога сакаме брз и поздрав домашен десерт.