Skip to main content

Рубио: Војната во Украина е во опасен ќорсокак

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека војната на Русија во Украина е во опасен ќорсокак и оти САД ќе продолжат да се обидуваат да помогнат во посредувањето за договор за прекин на огнот.

Би сакале да видиме договорено решение за оваа војна, кое ќе биде трајно, одржливо и праведно, наведе Рубио.

Според него, Рубио дека ескалацијата може да доведе до поширок конфликт.

Оваа ескалација може да претвори во кампања на саботажи во соседните земји кои се членки на НАТО … Оваа војна мора да заврши преку договорено решение. Колку побрзо, толку подобро. САД се подготвени да помогнат. Се обидовме. Ќе продолжиме да се обидуваме. Но, исто така, нема да вложуваме труд во бесмислени процеси ако не можеме да постигнеме напредок, истакна Рубио во Лисабон.

Тој денеска допатува во Португалија, последната земја од неговата турнеја во три земји-членки на НАТО. Рубио претходно ги посети Исланд и Грција.

Рубио се сретна со португалскиот премиер Луиш Монтенегро во палатата Сао Бенто, но по средбата немаше изјави.(МИА)

Поврзани вести