Skip to main content

Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри од границата

По рускиот напад врз Краматорск, при што загинаа најмалку 33 луѓе, Украина нападна голема рафинерија за нафта во рускиот град Омск.

Очевидци изјавија дека се слушнале две експлозии и над рафинеријата се издига чад.

Нападот го потврди и гувернерот на Омската област, Виталиј Хоценко. Тој наведе дека руската противвоздушна одбрана дејствува поради нападот со беспилотни летала.

Рафинеријата во Омск се наоѓа на повеќе од 2.500 километри од Украина.(МИА)

Поврзани вести