Skip to main content

ЦУК: Состојбата стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд

Согласно добиените информации до 12 часот од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици.

– Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека сообраќајот на ГП Богородица/Евзони ќе биде блокиран во интервали поради штрајкот на грчките земјоделци, од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.

УХМР за попладне најавува стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Температурите ќе се движат од 9 до 13 степени, а во Скопје до 12 степени.

Поврзани вести