Skip to main content

Ацо Пејовиќ ја запеа „Македонско девојче“ во живо и ја покани македонската публика на голем концерт на 27 декември во Скопје

Ацо Пејовиќ на денешната прес конференција во Скопје го најави големиот концерт кој ќе се одржи на 27 декември, во арена „Борис Трајковски“.

Декември е месец кога се испраќа годината и лошите нешта заминуваат и се трудиме преку концерти да ја отвориме Новата година за нови убави работи, рече Пејовиќ.Со македонската публика имам посебна врска, таа ме полни со својата љуов и енергија, рече Пејовиќ и ја запеа во живо „Македонско девојче“.

Организаторите ветија врвна продукција, неговиот неверојатен бенд и многу специјални гости!

Со Ацо се знаеме пет-шест години и имаме посебна конекција, тој е дел од нашето семејство и е вистински пријател кој не поддржува нас, а и ние него. За мене секој негов концерт е посебен празник и мошне емотивно искуство за мене, рече Кристијан Стефановски.

Поврзани вести