
Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип.
Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Македонски






