Skip to main content

Граѓани добиваа казни и додека биле дома, МВР призна пропусти

Системот „Безбеден град“, кој веќе два дена се тестира на скопските улици, само за едно деноноќие регистрирал околу 110.000 сообраќајни прекршоци. Но тестирањето откри и сериозни недостатоци – дел од граѓаните добиваа СМС-пораки за прекршоци во моменти кога воопшто не управувале возило.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски призна дека системот прави грешки и најави корекции.

„Во овој тест период детектиравме случаи кога не соодвествуваат податоците со идентитетот на оној кој ја примил пораката. Знаеме за проблемот, го видовме и на социјалните мрежи. Ќе ги утврдиме причините и ќе искоригираме. Ова е тест период“, изјави Тошковски.

Поврзани вести