Skip to main content

Се решаваат наследените проблеми во Железница транспорот: Подобри услови за машиновозачите и сите вработени

Директорот на Македонски железници Дејан Кошутиќ заедно со Државниот секретар г. Стефан Волкановски и со поддршка од Министерот за транспорт и врски, г. Александар Николовски, одржа средба со машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт.

Ги отворивме сите клучни тековни и наследени прашања кои ги засегаат нашите машиновозачи, прашања што со години наназад остануваа нерешени поради состојбата во која беше затекната компанијата во 2024 година, напиша Кошутиќ.

Посветеноста на машинскиот персонал и колегите од одржување беше клучна за повторното воспоставување на теретниот сообраќај и стабилизирањето на системот. Искрена благодарност до сите за професионализмот и одговорноста, напиша Кошутиќ.

Продолжуваме заедно — со јасна цел: силна, стабилна и модерна железница.

„Визијата го определува правецот, дисциплината го создава резултатот, а посветеноста го одржува патот.

Поврзани вести